Димитриевски: СДСМ била и мора да остане државотворна партија – потребни се реформи, граѓаните испратија порака

You must need to login..!

Опис

Сакам да им се заблагодарам на сите кумановчани што вчера покажаа што е демократија, го почитувам секој глас и ќе ја реализирам програмата, рече за денешен Утрински брифинг градоначалникот Максим Димитриевски.

Каков ви е односот со СДСМ по вчерашниот ваш резултат?

-Јас сум член на СДСМ, моето исклучување е едностано. Мој приоритет е Куманово и проблемите на градот. Политички сум убеден социјалдемократ. СДСМ била и мора да остане државотворна партија. Граѓаните испратија повеќе пораки на овие избори кои мора да се послушаат, вели Димитриевски.

Во СДСМ не се гледа јасен наследник на Заев.

-Во партијата последниот збор го имаат членовите. Потребна е структурна реформа. Не сакам да ја коментирам оставката на Заев оти ја немам слушнато. СДСМ е силна партија која многу пати била во криза и знаела да излезе од криза. Важно е да му се дадепростор на секој вистински социјалдемократ. Многу луѓе кои досега доаѓаа на позиции беа далеку од социјалдемократијата како идеологија, вели Димитриевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − ten =