Димитриевски: Да најдеме начин и да изградиме систем кој што ќе не натера сите да го почитуваме тоа што ни е дадено како мерка

You must need to login..!

Опис

 

-Бројките на заразени со ковид-19 од ден на ден во Куманово се зголемуваат. Имаме над 600 позитивни случаи. Штом епидемијата не ја спречивме во раната фаза, сега мора да се носиме со неа. Куманово на самите зачетоци на пандемијата го даде својот максимум, но не добивме цела изолација на градот. Генерално сите држави во регионот не успеаја, изјави во Утрински брифинг градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Точно е дека постојат неодговорни поединци но неодговорноста не смее да ја бараме само кај граѓаните туку мора да најдеме начин и да изградиме систем кој што ќе не натера сите да го почитуваме тоа што ни е дадено како мерка, смета Димитриевски.

-Согласно годишниот план за вработување повеќе од потребни ни се стручни луѓе за некои области. Мора да се зајакнат инспекциските служби, за општината да ги дава своите услуги кон граѓаните потребни е некој да работи.

-Протокот на пари кој што влегуваше во Куманово преку ангажманот на нашите сограѓани од блискиот исток значи многу од финансиски аспект. За жал од почетокот тие финансиски инпути не успеајавме да ги насочиме за развој на стопанството. Голем дел од тие средства се инвестираа во инфраструктура и дојде до една експанзија, при што Куманово почна неконтролирано да се шири и создаде дополнителен урбанистички хаос.

-Затоа кога дојдов на позицијата градоначалник со поддршка од Советот ги сменивме ваквите одлуки и забранивме градба не повеќе од 50% коефициент на искористеност на една градежна парцела со задолжително 20% зеленило и 30% други содржини. Имаше реакција од инвеститорите, но на тој начин Куманово ја сузбива неконтролираната градба, изјави во Утрински брифинг Димитриевски.

Разговорот со првиот човек на Куманово погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =