Димитровска: Улогата на ревизијата е да се утврди од каде партиите примиле и каде дале пари

You must need to login..!

Опис

-Државниот завод за ревизија како врховна ревизорска институција е задолжен за ревизија на финансиските извештаи на политичките партии, како и на јавните средства. Систем на финансиско известување: Учесниците во изборите имаа рок да достават финансикски извештаи до ДЗР и до ДИК а ние сме должни да ги објавиме со цел поголема транспарентност, изјави за Утрински брифинг Татјана Димитровска, помошник во Државниот завод за ревизија .

-На сите учесници во изборната кампања им испративме информации за рокот и образецот според кој треба да поднесат извештај. Требаше на 11 ден од почеток на кампања да достават извештај за донации на нивната трансакциска сметка. Од 122 учесници, 84 не доставиле. Доколку не ги достават овие извештаи, ДИК ќе ги суспендира средствата од буџетот за платено политичко рекламирање.

-До денеска требаше треба да се поднесат два извештаи. На 20 ден треба да поднесат извештај за приходи и расходи на трансакциска сметка за текот на изборите. Ние како ДЗР ќе потсетиме за оваа должност на учесниците во изборите. Ние не сме репресивен орган, ние имаме само превентивна улога, а нашите извештаи се објавуваат на нашата веб страница. Укажуваме на греши и препорачуваме како да се постапи. Ние имаме улога од отворање до затворање на трансакциска сметка. Учесникот во изборите 30 дена по завршувањето на изборниот циклус е должен да поднесе извештај.

-ДЗР има електронски увид во сметките на учесниците во изборите со што по затворањето на кампањата можеме да ги провериме податоците што ни се доставени. Ако има разлики ние ги нотираме, а субјектите можат во рок од 10 дена да реагираат.

-Ако субјектот достави докази кои не сме ги зеле предвид, ние ќе се коригираме. Но доколку има индиции за прекршок извештајот го доставуваме до Јавното обвинителство.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + eighteen =