Димески: Буџетот на Општина Центар се движи по една инерција од претходно и не се третираат проблемите

You must need to login..!

Опис

Советникот во Општина Центар Јане Димески, ја одби кандидатура за претседател на Советот во Општина Центар поднесена од СДСМ. Тој во гостувањето во Утрински брифинг ги објаснува причините за тоа како и за состојбите во Советот на оваа скопска општина каде минатата недела се изгласа буџетот.

-Ова беше обид да ме прекфаликикуваат од обичен советник во претседател на Совет. Бев кандидиран од советничката група на СДСМ без да ме консултираат, а ние како Шанса за Центар заклучивме дека нема да целиме на таа функција. Своја кандидатура имаше и Левица свој кандидат и кандидираше кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Не беше искрена понуда. Жалиме што досега не е овозможено видео снимање за да се видат позициите на Советот, рече Димески.

Советникот посочува дека тој и неговите колеги немале доволно време да го разгледаат добро буџетот за идната година и да поднесат свои забележки и амандмани.

-На советниците им беа дадени 5 дена од приемот на буџетските документи и голем дел од ставките не беа јасни. Во петокот ни беше единствен момент кога ние можевме да дадеме амандами. Понудивме 20 амандмани од кои еден е прифатен за училиштето Песталоци. Прифативме други амандмани за конечно вработување на чистачите на Центар, но за поголем дел од буџетот имавме забелешки кои не беа прифатени, смета тој.

Според него Буџетот на Општина Центар се движи по една инерција од претходно и не се третираат проблемите.

На пример проблемот со загадувањето е еден од тие проблеми, не се третира соодветено зеленилото и урбаната опрема. Имавме амандман да се вработат тројца мајстори да ја поправаат урбаната опрема, и да ги ослободат оние 400 заробени дрва и тоа не ни го прифатија. Не се прифати амандманот за поставување лежечи полицајци пред градинки и училишта во општината, рече Димески.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × five =