Димевски: ЗОИ во Кина е експеримент, оти првпат организатор е земја која нема традиција во зимски спортови

You must need to login..!

Опис

Денеска се отвораат Зимските олимписки игри во Пекинг, а Кина е прва земја во која зе одржале и зимски и летни Олимписки игри.

-Пекинг е навистина премногу строг кога станува збор за мерките против ковид, а спортистите се тестираат двапати дневно. Дури и не се знае дали некој спортист ќе настапи на трка во текот на денот, вели за Утрински брифинг Даниел Димевски, претседател на МОК.

Тој додава дека во изолација е и еден од нашите тренери и еден спортист, а во изолација ќе бидат сите кои биле во контакт со нив. По два негатвни текста спортистите излегуваат од изолација и може да настапат.

-Нашата реалност е дека немаме шанси за медал, но за нас е успех ако секој спортист го надмине својот најдобар резултат па потоа и да го подобри својот рејтинг во однос на спортисти од соседните земји. Невозможно е да се споредуваме со спортисти кои имаат услови да тренираат во ттекот на целата година, вели Димевски.

Кина нема снег, па ќе мора да се направи вештачки, а за тоа е потрошено едно езеро за што реагираа екологистите. Но, како што вели Димевски, комерцијалниот дел на Олимпијадата е посилен од екологијата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen − 2 =