Дигитализирани, онлајн и хибридни судења, ќе ги вадат судиите од зимски сон

You must need to login..!

Опис

Дигитализирани, онлајн и хибридни судења, ќе ги вадат судиите од зимски сон а ќе им ја разбуричкаат комоцијатата на адвокатите.

-Со поддршка на мисијата во ОБСЕ Кавадаречкиот суд е една од првите пилот судници кои се опремени со најнова аудиовизуелна опрема. Опрема која што ќе значи целосно имплементирање на одредбите од Законот за кривична постапка, а тоа е аудиов-визуелно снимање на главните расправи, изјави за Утрински брифинг Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци.

-Состојбата со ковидот, затворањето на државните органи, институции, затворањето на правосудните органи итн.. беше еден предизвик како во такви сериозни и тешки услови да продлжи да функционира правосудниот систем.

-Анализирајќи ги сите аспекти, пред се законските можности, човечките ресурси и опрема и во консултација со научната фела во нашата држава, размислувавме што во дадената ситуација да направиме.

-Јас сум навистина благодарен бидејќи предлогот дојде од самата одбрана, дали е возможно со користење на современите дигитални алатки да се реализира онлајн судење.

-Со набавувањето на соодветната опрема од страна на амбасадата на САД, мисијата на ОБСЕ, дилемата се постави кај неколку клучни прашања – како ќе се презентираат и изведуваат доказите, но особено важно беше утврдувањето на дигиталниот идентитет на странките во постапката, вели Нанев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 4 =