Дејановски од УПОЗ: Не смее да има зголемување на плата само на една група на вработени

You must need to login..!

Опис

-Патот на Синдикатот на УПОЗ е трасиран. По него газиме долго време. Секако дека ќе има некои промени, но ќе продолжиме по успешните патеки на синдикатот, изјави за Утрински брифинг Трпе Дејаноски, претседател на УПОЗ.

-Синдикатот на УПОЗ ги здружува не само судовите, туку и правните органи, министерствата, затвори, агенци… 2016 -та ние бевме организатори на штрајкот кои се однесуваше на барањето за додатоци на плата за судската служба што ги добија и судиите и обвинителите и обвинителската служба, а не ги доби доби само судската служба. На крај успеавме со штрајкот. По смената на власта, во 2018, успеавме да направиме измени на Законот за судска служба, каде што се вметнаа овие додатоци на плата да ги имаат и судските службеници.

-Во нашите разговори со Министерството се договривме и се надеваме дека е веќе договорено кога ќе се има зголемување за една група на вработени во судовите, да има за сите групи на вработени.

-Нашиот став е дека не смее да има зголемување на плата само на една група на вработени, во овој случај, на судиите и на обвинителите, а да нема зголемување за судската служба, обвинителската служба, судската полиција и помошно техничките вработени, кои се со најниски плати во државата.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × 4 =