Деспотовски: Три инвестиции потврдени во првите три месеци, има најави за уште 15 други наскоро

You must need to login..!

Опис

Стабилен број на работни места и покрај падовите со пандемијата и економската криза. Во првиот квартал, бројките покажуваат тренд на раст. Во првите три месеци од оваа година имаме три нови инвестиции кои ги потпишавме, вели во Утрински брифинг, Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Тој смета дека во 2017 година направен е значаен исчекор преку донесувањето на закон за финансиска поддршка на инвестициите…односно законско изедначување на домашните и странските инвестиции и дека сега треба да се покаже дека домашниот и странскиот инвеститор имаат потполно еднаков третман.

Објаснувајќи ја работата на ТИРЗ, Деспотовски вели, концептот е примена на едношалтерскиот систем: од влез/земјиште, одобрение за градба, поддршка и обебедување државна помош и како ќе функционира капиталот.
„Нам не ни се потребни инвестиции преку кои системски ќе креираме сиромаштија. Големи компании а мали плати не. Една од првите работи кои ја анализиравме и објавивме беа платите во ТИРЗ. Сакам да се разбие тврдењето дека странскиот е добар домашниот инвеститор не. Податоците покажаа дека платите во ТИРЗ се помали од просечната плата. Бев изненаден, очекувањата ми беа поинакви. Сега за да спроведеме нов концепт треба да знаеме која ни е појдовна точка. Од секој следен инвеститор бараме проекции колку ќе инвестира, колку приход очекува наредните 10 години, колку луѓе ќе вработи и колкави плати ќе дава. Ако процениме дека буџетот има интерес, дека платите се високи…секој е добредојден ама и не ако нема добар план со интерес за државата и платите“, вели Деспотовски.

Деспотовски тврди дека инвеститорите надвор не се „ловат“ со пораката „Дојдете во Македонија, ние сме евтина работна сила“, туку со креативни идеи, најавувајќи дека освен трите инвестиции има најава за уште 15 други.

„Ние сме мала земја, немаме во изобилие човечки ресурси и земјиште. Она што можеме да направиме е да бидеме флексибилни и филтрирачки преку добра анализа. Да ги зајакнеме условите за разлика од нашите конкуренти во регионот и тоа ни дава добра позиција за инвестирање. Канадска и две турски се трите инвестиции, а имаме 15 други компании кои не по телефон, туку со писмо и процедура се влезени со потенцијална инвестиција. Тоа се 40 отсто фармацевтска индустрија. Не префрираме еден сектор туку квалитетен инвеститор. Во овие 15 има заинтересирани компании од Турција, Германија, Јужна Кореја, Кина итн“, изјави директорот на ТИРЗ во Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + thirteen =