Деспотовски: Низ конкретни проекти ќе покажеме дека е можна и исплатлива зелена економија

You must need to login..!

Опис

-Брифингот беше за тоа што премиерот презентираше дека во следните шест месеци ќе има голем број инвестиции. Тоа не е предизборно ветување, туку Зелениот статешки инвеститиски фонд е реален процес и почнуваме да размислуваме на големо низ конкретни проекти со кои ќе покажеме дека ќе може, изјави за Утрински брифинг Јован Деспотовски прв човек на ТИРЗ.

Ердоган во еден ден отвори 42 фабрики. Точно дека тоа е Турција која е многу развиени. По пандемијата се гледа едно поголемо инвестирање.

-Проценките на сите релевантни светски институции потфрлија во смисла на тоа дека ќе има помало инвестирање. Но се случува обратното. И ние ги коригиравме проекциите, а Светска банка ги коригираше на 4,2 отсто, а можеби нашата економија ќе порасне и повеќе.

Цената за индустриски капацитети многу се качува.

-Поголем дел од земјите направија притисок да се направи префрлање на обновливи извори, а економијата оди брзо. Притисокот на пазарот ќе се намали со најавата на Путин дека гасот наскоро ќе почне интензивно да се испорачува за Европа штом ќе се наполнат резервоарите ан Гаспром, а и паѓаат цените на нафтата. Ние имаме механизам да ги заштитиме домаќинствата од ценовен шок од аспект на енергенсите. За економијата, за инвеститорите кои се веќе тука, зборуваме за големи капацитети кои можат да издржат одреден период под притисок.

Порано се говореше за екологијата само кога имаше инциденти. Денес е редовна тема. Има ли загадувачи во ТИРЗ.

-Не, нема од аспект на постојните капацитети, а и од она што го најавуваме во вредност од 300 милиони евра преку Зелен инвестициски фонд. Ќе поттикнеме зелени инвестиции. Од планираните инвестиции преку овој механизам од 750 милиони евра, само 70 милиони се државни средства.

Што значи овој фонд?

-Наменет е за средни и големи компании сеедно дали домашни или странски, оти ивестиција е инвестиција. Идејата е преку одреден модел на соработка каде државата преку својот дел преку пензиски и инвестициски фондови прават структура која ќе одлучува за инвестициите. Државата има малцински удел. Зелено подразбира објекти со нула емисии штетни гасови во согласност со европската Зелена агенда. Еден од проектите е инвестиција во фотоволтаични централи во рамките на зоните оти тоа го бараат инвеститорите. Но, наместо државата да даде 50 милиони евра кои веројатно би биле од задолжување, ќе даде само 5 а другото ќе биде од приватни инвеститори, додека заработката од продажбата на струја ќе се распределува според уделите.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + seven =