Деспотовски: Мала, паметна и флексибилна држава треба да се отвори за мобилност на работна сила

You must need to login..!

Опис

Нова фабрика на „Гересхајмер“, која соработува со фармацевтски гиганти како Фајзер, отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ), вели Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ, за Утрински брифинг. Тој додава дека овој инвеститор ќе исплаќа плати двојно поголеми од просечните, секако за луѓе со одредени вештини. Со ова Германија станува најголем инвеститор во индустриските зони во Македонија.

-Ова е развоен правец каков што не се практикуваше досега. Ние сега носиме инвеститори кои ќе создаваат поголема вредност па оттука ќе имаат можности и да исплаќаат поголеми плати за вработените. Освен тоа, станува збор за инвеститори кои ќе вршат голем број вработувања, вели Деспотовски.

Деспотовски додава дека инвеститорите го поставуваат прашањето за расположливоста на работна сила, а Отворен Балкан тука може да помогне. Европа функционира на принцип на мобилност. Зошто некој не би работел во соседниот град доколку има услови и инфраструктура за патување и тоа му е платено, коментира Деспотовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − eleven =