Деспотовски: Иновациските ваучери се начин за формализирање на соработката помеѓу акадмеската фела и бизнисот

You must need to login..!

Опис

Работата е кретивна онолку колку што ќе направите да биде. Може да практикувате еден традиционален начин на раководење, а тоа е возило, секретарка, кафе, убава канцеларија, односно да не брануваме или да се обидеме тие години за кој што е доверен мандат и за кој што добиваме месечна плата да направиме нешто. Мојата определба е кога ќе си заминам од местото директор на ФИТР да ставам црта и да кажам – го наследив со тоа, го оставам со тоа. И ота норманлно дека сакам да биде позитивно. Сакам предизвици и Фондот беше предизвик, бидејќи беше институција некако запоставена, изјави за Утрински брифинг Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

-Работиме на креирање на регионален Фонд, во кој што македонскиот ќе биде основа и тоа по препорака на регионалниот Совет за соработка кој што е институција под капа на ЕК и Светскиот економски форум. Значи нашиот Фонд како модел е препознаен од меѓународните европски организации на кој што сакаат сега да базираат регионален фонд. Фактички Скопје, треба да стане центар за ваков тип на финасирање на брзо растечки бизниси. така што предизвиците се големи, вели Деспотовски.

Околу новите новите членови на Управниот одбор во Фондот за иновации што ги именуваше Владата во четвртокот, Деспотовски изјави дека тие може да имаат какво било формално високо образование.

-Петорица од седумте членови кои сега се именувани беа со нас и во изминатите три години. Како директор можам да кажам дека тие успеале да не следат во нашата работа и нивното формално образование не претставувало пречка. Другите двајца прв пат и јас ги запознав, но да им дадеме шанса, рече Деспотовски.

Фондот за иновации и технолошки развој започна со реализација на проектите наменети за развој на нови производи и услуги, со повисока додадена вредност, а на нив ќе соработуваат домашни компании и високо образовните институции од државата. Ова е прв ваков инструмент во Северна Македонија, а целта е ангажирање на сите капацитети на државата во креирање на забрзан економски раст.

Целиот разговор со директорот на ФИТР, Јован Деспотовски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 5 =