Дескоска: Очекувам Законот за ЈО да се донесе пред распуштање на Парламентот, ако ВМРО ДПМНЕ не покаже конструктивност тоа ќе биде политичко самоубиство за нив

You must need to login..!

Опис

Очекувам конструктивна јавна расправа и очекувам законот за јавно обвинителство да се изгласа пред распуштање на Собранието. Ова за Утрински брифинг го изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

„Главната забелешка на ВМРО ДПМНЕ е членот кој се однесува на случаите поврзани со таканаречените бомби, но одговорност мора да има. Одговорноста е главното барање на меѓународната јавност, токму затоа и е потребен овој закон“ – вели министерката за правда. .

Дескоска за Законот за ЈО
Рената Дескоска во Утрински брифинг

Министерката рече дека се надева дека ќе биде обезбедено потребното мнозинство. Очекува опозицијата да постапи разумно. Според неа секој поинаков исход би значел политичко самоубиство на ВМРО ДПМНЕ.

Прашана дали нејзината партија е подготвена да ги помести црвените линии само за да се донесе законот, Дескоска рече дека тоа не е можно.

Инаку вчера 27.01.2020 на тема Закон за ЈО во „Седма сила“ на Утрински брифинг, со Љубиша Николовски дебатираа новинарите Гордана Дувњак, Жарко Јордановски и Кристина Атовска.

За Утрински брифинг и францускиот амбасадор Тимоние, изрази надеж дека Законот за ЈО ќе биде донесен што е можно поскоро.

– Потребни ни се успешни избори. Прогрес во агендата. Постои метологија, но постои и агенда на реформи. Една од нив е и законот за Јавното обвинителството, изјави за Утрински брифинг францускиот амбасадор во Северна Македонија, Кристијан Тимоние.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 7 =