Дерковски: 38.000 лични карти чекаат да бидат подигнати од шалтерите на МВР

You must need to login..!

Опис

Разни се толкувањата за тоа каква кампања не очекува. Kакви коалиции се прават? Kој ќе ја освои довербата на граѓаните? Подготвена ли е Македонија за фер и демократски избори кои од друга страна значат и тест пред меѓународната заедница, беше повод во Утрински брифинг да гостува претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Политичките фактори во државата се изјаснуваат дека треба да направиме исчекор напред односно да се организираат фер и демократски избори.

Се надевам дека го мислат тоа што го зборуваат. ДИК е тука да ги спроведе тие избори. Овој изборен процес има повеќе учесници кои треба да дадат свој придонес оваа трка да биде „европска“.

Се надевам дека на 12 април ќе констатираме дека сме ја завршиле добро нашата работа, изјави Дерковски.

Избирачкиот список секогаш топ тема пред и после изборите

После завршувањето на вкрстените проверки користејќи ги базите на податоци на повеќе институции во нашата држава се констатира одредена состојба во изборачкиот список. Се увиде дека кај 39.000 граѓани има потреба од дополнителна проверка на податоците.

Тоа се направи и беше констатирано дека тие податоци се во ред и најголем дел од тие граѓани (32.000-33.000) се вратија во избирачкиот список. Се покажа дека повеќе беше политичка перцепција проблемот кој што се наметна во јавноста отколку што реално има.

Треба да се сфати дека во Избирачкиот список секогаш ќе има одредени проблеми. Тоа е менлива категорија, која на секојдневна основа се менува.

Секој ден имате починати лица, полнолетни лица, промени на адреси…

Јас ја користам оваа прилика сите оние кои поднеле барање и се изготвила личната карта да одат и да си ја подигнат доколку сакаат да гласаат. Имаме 38.000 неподигнати лични карти, изјави Дерковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + four =