🎥 📞 Дерковски: Кога ќе се прецизира датумот, потребни се 45-50 дена за изведување на изборите

You must need to login..!

Опис

Во ДИК сите сме сложни дека треба да се почитува Изборниот законик. Од тие причини внимавам да ги следам законските прописи и да не излезам од таа рамка и само на тој начин сите ќе се доведеме до еден успешен изборен процес, изјави во госувањето во Утрински брифинг, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, кометирајќи ги последните случувања на политчки план околу датумот на изборите.

-Избори мора да има. Ако не сега, ќе мора да има до крајот на мандатот на претходниот пратенички состав. Значи оваа година секако ќе мора да има. Сега настапи ситуација која што до сега не била и ние како ДИК се прилагодуваме на препораките на Здравствените комисии, вели Дерковски и додадава дека сите земји кои имале закажано избори се прилагодуваат на можните спроведувања на изборите.

-Некои експериментираа со гласање по пошта, со електронско гласање, но во мнозинството држави изборите се одложуваат.

Околу можноста за дигитално гласање (во блиска иднина) и тие да бидат фер без нарушување на битните стандарди, Деркоски вели дека во светот се имаат направено обиди за вакви гласања.

-Успешен пример е Естонија, но во еден поголем број на држави се враќа стариот начин на гласања бидејќи не може да се обезбеди адекватна заштита и гаранција за волјата на гласачите. Ние како Комисија го начнавме ова прашање, прво како употребата на fingerprint, а потоа за електронското гласање. Но во разговорите со стручњаците заклучивме дека се уште не може да се обезбеди заштита на правото на глас.

Зголемување на бројот на гласачките места за намалување на концентрацијата на граѓаните – продолжување на изборниот ден

Може, но за тоа треба законска одредба. Сегашната бројка на гласачките места е од 300 до 1.200 гласачи. Надлежноста сега е во Владата. Околу продолжување на часовите повторно ќе кажам дека е потрбна законска измена, вели Дерковски.

Јас ги слушам политичарите, но мислам дека тие не се запознаени со техниката на обработка на избирачкиот список. Од тие причини велам дека избирачкиот список, кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма како што го добиваме секогаш откако ќе го дознаеме денот на изборите. Добиваме суров материјал, наредниот ден се декриптира. Затоа велат дека за оваа операција се потребни помеѓу 45 и 50 дена. Јас ги разбирам политичарите и нивните мотиви, но јас морам да го почитувам законот. Јас како претседател на ДИК можам да бидам надгласан од другите членови на Комисијата, но избирачкиот список се потпишува од сите членови на Комисијата и откако сите ќе се потпишат истиот се заклучува и со тој се оди на избори. Јас таков список нема да потпишам, изјави Дерковски.

Промена на изборните листи на партиите

Добивме барање од еден кандидат на листа каде тој во изјавата нагласува дека тој се кандидирал за избори на 12 април. Законот не дозволува и ќе треба да почекаме како ќе се одвива целата ситуација. Моментално нема исправање и изземање од кандидатските листи. Тоа е законски пропишано. Доколку се распишат нови избори тогаш веќе е друга ситуацијата, вели Дерковски.

Гласањето на луѓето кои би се вратиле за денот на изборите

Голем дел од граѓаните кои се во странство а ги има на избирачки список и имаат право да гласаат, може ќе сакаат да се вратат летово во земјава и да гласаат тука. Имаат право да гласаат, меѓутоа ако важат овие мерки веројатно ќе треба да бидат во карантин, па ќе треба да организираме гласачки места и во карантин, а тоа бара посебни услови, и не трпи импровизација, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 17 =