Дерала: Ѓаволот ја однесе шегата – потребен е одговор за наодите во студијата од ЕП во која се говори за ширење дезинформации и криминално плаќање на медиуми

You must need to login..!

Опис

И највисоките европски, свестски институции и меѓунардони организации постојано упатувале на проблемот со лажните вести, дезинформациите и на хибридните закани пторив демократијата, но тоа секогаш било ставено во “свилени“ дипломатски ракавици и не допирало до јавноста. Тоа е една ситуација во која меѓународниот дипломатски речник не дозволува директно откривање, разобличување на одредени појави и личности. Таквиот пристап им давал простор на деструктивните, анти-западните и антидемократските центри на моќта да дејствуваат слободно и во најдемократските земји и со злоупотреба на слободата на говорот успеваа да пенетрираат длабоко во општеството. Но подобро доцна отколку ништо, но во нашиот случај мислам и малку предоцна. Четири години доцниме со конкретниот одговор против хибридните закани. Европа каска зад стратегиите и оопомените кои доаѓаа од стратегиите и опомените кои доаѓаа и од НАТО. Дури и и една ваква компатибилна сојузниочка структура не успеја да им ги отвори очите на бриселските бирократи. Ова конечно е една студија која ја нарачува и изработува една многу висока институција на ЕУ и ја објавува Европскиот парламент. Ова е јасна порака која ќе биде нападната на локално ниво, но во меѓународна констелација овие структури кои се спомнати во извештајот навистина не стојат веќе добро, изјави во Утрински брифин првиот човек на ЦИВИЛ Џабир Дерала, говорејќи за последната студија и официјален документ на Европскиот парламент за „Мапирање на лажните вести и дезинформациите на Западниот Балкан“.

Морам да кажам дека е многу значќаен чекорот кој го презема Европскиот парламент и највисоките ЕУ институции. Но мора да се спомне и дека оваа студија не е ни одалеку нешто ново – тоа го знаеме сите. На некој начин може да се каже дека донекаде е неправедно позиционирањето на експертите и граѓанските организации кои се борат против хибридбните закани во општествата, кои со години наназад, еве за ЦИВИЛ ќе зборам, повеќе од деценија говориме за ова, јавноста не сакаше да го прифати тоа и ги затораше очите. Требаше да дојде некој од Европа да ко каже тоа, за сега нашите извештаи да добијат потврда. Сега треба медиумите, барем оние попорогресвните да се вратат наназад, да направат еден историјат и постојано да води една битка. Таму е и одговорот – ние имавме капацитет да му одговориме на овој напад на демократијата и по падот на режимот на Груевски. Направен е материјалот и голем дел од изразите во овие студии се всушност од нашите извештаи. Кога ќе го видите овој конгломерат од стабилни, искусни, сериозни, релевантни експерти, организации мислам дека имаме добар капацитет и појдовна точка. Ни требаше потврда од сериозна меѓународна политичка структура за сега да сме во ситуација кога можеме жестоко да одговориме. Самиот акт на објавување е многу битен и е јасен сигнал до институциите. Кога ќе отидете во Брисел сигурно ќе ве прашаат што сте направиле со оваа проблематика. Тогаш оние што не преземале мерки да го спроведат законот преку институциите ќе бидат во многу непријатна ситуација. Она што е голема пречка кај нас е што се служиме со аргументи, мора да се служиме со аргументи, се придржуваме кон професионални стандарди и етички принципи, од другата страна имате сосема поинакво нешто обратнои, непринципиуелнои, подземно, вели Дерала.

За жал имаме едно пенетрирање во општеството каде одредена кампања има за цел да поларизира односи во државата, да направи врева, да ја обесхрабри индивидуата да го даде својот глас. Ние сето ова го знаеме, (извештај од ЕУ го поврзува Мицкоски директно со ширење на лажни вести), но дојде абер од Европа која го означи, покажа човекот, што ние како професионалци со години го посочуваме истото лице за деструктивно десјтвување, црна пропаганда. Но тука има уште едно прашање – каде е кредибилитетот на медиумите што на исто рамниште го ставаат ова лице кое е посочено како извор на дезинформации во Западен Балкан. После ова треба човек да се повлече и да ги смени сите функционери кои работеле со „својот шеф“. Но најповикани се инстутуциите. Ѓаволот ја однесе шегата – имате наоди во студија објавена од ЕП во која се говори за криминално плаќање на медиуми., каде лидер на огромна партија се посочува како извор на дезинформации. Сето ова има законски и безбедносни импликации, смета првиот човек на ЦИВЛ, Џабир Дерала.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 2 =