🎥 Дерала: Политичките партии се огледала на општеството – бојкотот е апсурден, „Цивил“ на терен со ултра мобилни тимови

You must need to login..!

Опис

-Цивил за изборите ќе има 314 луѓе на терен, краткорочни набљудувачи. Тие ќе бидат активни до еден ден по изборите кога ќе ги дадат своите финални извештаи од мониторингот, додека долгорочните набљудувачи остануваат активни уште најмалку три недели по завршувањето на изборниот процес. Ние никогаш не се натпреваруваме со другите набљудувачки мисии или организации, напротив се трудиме да помогнеме и имаме ултра мобилни луѓе кои не се статични, излегуваме надвор и на терен ги следиме состојбите, изјави за Утрински брифинг првиот човек на Цивил, Џабир Дерала.

-Митинзите се еден балкански фолклор. Јас сум од тие што смеетаат дека треба да се намали што е можно повеќе тој обем на физичко собирање. Не заради КОВИД-19 туку заради изградба на една политичка култура каде сите ќе можат индивидуално да добијат поинакви избори и мислам дека Коронавирусот малку помогна околу тоа, вели Дерала.

Говорејќи за негативната кампања Дерала смета дека тоа пред се значи загрозување на правото на глас.

Според нас во Цивил, како организација за човекови права, сметаме дека таквата врева полна со омараза на некој начин е попречување на гласачот да ја согледа реално понудата на политичкиот пазар и таквиот притисок врз гласачите го попречува правото на глас и го загрозуваат демократскиот амбиент во државата. Поучени од минатото правдата тешко доаѓа во нашата земја. Не дека е невозможно, гледаме дека се помрднуваме од мртвата точка, но се уште е долг и тежок тој пат во кој сите треба на некаков соодветен начин да учествуваме.

-Во принцип бојкотот особено на парламентарните избори и услови во кои се наоѓа нашата земја бојкотот е апсурден. Вие кога излегувате на гласање си го искористувате своето уставно, човеково право – право на глас. Луѓе во минатото гинеле за да го добијат ова право. Вие кога излегувате го искористувате своето право на глас. Ако не излезете тогаш тие што ќе излезат, особено на парламентарни избори каде нема цензус вие им дозволувате на другите да одлучат за вас. Во ситуацијава бојкотот е апсурден и не постигнувате ништо со тоа, смета Дерала и додава дека секој може да има доверба или не доверба во политиката но таа секако ќе се занимава со вас.

-Политичките партии се огледала на општеството. Едноставно, ако имате такви и такви политички партии, тогаш тоа е тоа. Може и сосема да не се најдете во одредена политичка понуда. Имате и институт кој се вика тактичко гласање кој многу често се употребува во балканските држави, односно гласање против нешто што му е помалгу драго, вели Дерала.

Говорејќи за отвореното прашање околу пописот и неговата врска со избирачкиот список, Дерала вели дека пописот може да служи како индикатор за тоа колку граѓани има во земјата. Во избирачкиот список ги имате сите гласачи кои се државјани на Република Северна Македонија. Пописот е sanp shot од ситуација која во одреден период се прави и тука нема имиња и презимиња. Така што попис и избори се две различни работи, додаде Дерала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × four =