Дерала: Отровот на говорот на омраза се користи како оружје за добивање политички поени

You must need to login..!

Опис

Цивил има посебни два деска кои се занимаваат со мониторинг на говорот на омраза. Забележуваме дека говорот на омраза е претворен во политичко оружје. Имаме една голема количина на говор на омраза која всушност е политички мотивирана за стекнување политички профити, кои пред се ги користи опозицијата, изјави Џабир Дерала од „Цивил“.

Во македонско-бугарските односи има сфери на размислување во кои забележуваме дека дел од граѓанките и граѓаните кои не се од ммакедонско етничко потекло се чувствуваат неповикани во дебатата, и тоа е тренд која дополнително ги разградува меѓуетничките односи. Тоа се гледа и во поделеноста која се одразува во социјалниот живот на граѓаните.

Во периодот по 2001 година имаше повисоко ниво на релаксираност, односно еден напор да се надминат разликите, односно конфликтната состојба по 2001. За разлика од тогаш, по 2018 година, од референдумот па наваму, гледаме една поинаква атмосфера во која се чувствува отровот на омразата како политичко оружје, смета Дерала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − three =