Дерала: Граѓаните се свесни дека пописот е неопходен и исклучително важен за развојните стратегии и на локално ниво

You must need to login..!

Опис

Пописот е исклучително важен за развојните стратегии и на локално ниво. Во општините на иста маса ги седнуваме експертите, невладините организации, носителите на одлуки – градоначалниците и советниците, различните партии. Морам да кажам дека најголем дел од соговорниците се согласуваат дека пописот е неопходен и сите без исклучок апелираат да се спроведе што е можно попрофесионално и побезбедно во однос на ковид мерките, изјави во Утрински брифинг првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерал.

Освен што ги седнуваме овие чинители на општиско ниво, факт е дека најголем дел од граѓаните се свесни дека попис е неопходен и нема да има проблем, исто како и со изборите минатата година. Нив ги радува фактот дека оние луѓе кои не се во ситуација да ги примат дома попишувачите, истото ќе може да го направат пред своите домови, вели Дерала.

Говорејќи за зачестената пропагандна активност на најголемата опозициска партија Дерала вели дека предвремени парламентарни избори во најмала рака е наивно барање од ВМРО-ДПМНЕ, особено кога на маса имате понуда за широка влада.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + twenty =