Дерала: Бившите добро познати перјаници на режимот на Груевски сѐ уште, без никаков проблем пласираат ужасно вулгарен и напаѓачки говор во јавната сфера

You must need to login..!

Опис

Светскиот ден на слободата на медиумите (World Press Freedom Day) е прогласен од Генералното собрание на ОН во 1993 година по препораката усвоена на 26-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во 1991 година. На тоа ѝ претходеше Декларацијата од Виндхук што ја подготивија група африкански новинари со апел за плурализам и независност на медиумите. Одбележувањето на овој датум има цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната етика.

Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа. Оваа година, темата на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Информацијата како јавно добро“.

„Постигнувањата по падот на режимот во сферата на јакнењето на медиумските слободи се евидентни, но придружени се со низа слабости и предизвици. Слабостите и предизвиците се последица и од трендови со поширок регионален и глобален карактер, но не мал дел од нив се и од субјективна природа“ – е став на ЦИВИЛ од минатата година, кој се нагласува и оваа година.

Во Северна Македонија стана норма проруските политичари да напаѓаат активисти, бранители на човекови права и новинари сонедолично однесување на Интернет, малтретирање и закани по нашите животи. Мојот случај, како претседател на организацијата за човекови права ЦИВИЛ, не е исклучок, но сигурно е еден од најилустративните, се вели во најавата на текстот на Џабир Дерала за Хајрних Бел.

„ЦИВИЛ како организација и нејзиниот персонал се честа мета на ваквите закани. Неодамна добивме телефонски повик за смртна закана до канцелариите на ЦИВИЛ, со видлива телефонски број на повикувачот. Моите колеги се нарекуваат предавници, платеници, шпиони, џабиристи (што и да значи тоа). Луѓето повикуваат на егзекуција, јавно согорување, затвор, јавно судење и строга казна за членовите на нашата организација“ – пишува Дерала во споменатиот текст.

Токму првиот човек на Цивил, Џабир Дерала беше гостин во Утрински брифинг.

Моите опсервации не се разликуваат многу од оние на експертите во земјава и во меѓунарднотата заедница, организации кои ги следат состојбите во земјава. Што се однесува до Северна Македонија ние имаме еден многу сериозен проблем – тоа е една сериозна политичка и медиумска неписменост. Таа медиумска неписменост се користи за да може да се манипулира со јавното мнение, да се пласираат лажни вести и дезинформации кои пак имаат цел да се оствари некаков политички профит преку говорот на омразата – најчесто етничка, родова…

Проблемот со македонското општество е повеќекратен – се уште владее неказнивоста – имате ситуација во која бившите добро познати перјаници на режимот на Груевски се уште, без никаков проблем пласираат ужасно вулгарен и напаѓачки говор во јавната сфера, не само на дел од социјалните мрежи, туку и во медиумите, вели Дерала.

Очигледно е е дека оваа пропаганда, без оглед дали вие сте на власт или опозиција користи и алтернативни извори на средства и алтернативни начини да се пласира црната пропаганда. Имаме една нагорна линија на пропагандата. Имаат доста софистицирани методи. Оние што се во ситуација да бегаат од правдата, да ја манипулираат државата, да работат за други интереси, имаат доволно средства и финасиски и технички и човечки ресурси да можат да лансираат кампања во кое време сакаат и се многу успешни, смета Дерала.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 12 =