За да функционира недела – неработен ден, државата мора да го заштити работникот пред работодавачот, разговор со првиот човек на ССМ, Дарко Димовски

You must need to login..!

Опис

Утре ќе имаме економско-социјален совет каде што ќе биде отворено прашањето врз база на сеопфатна јавна расправа недела да биде неработен ден. Не гледам причина зошто недела како ден не би бил неработен. Треба да видиме за кого ќе биде неработен, бидејќи постојат есенцијални дејности за работа како што се полицијата, армијата, пожарникарите итн. Не гледам притисок од Организацијата на работодавачи. Они си даваат нивно мислење, но ние ќе направивме законско решение во одредени услови да можат и тие работодавачи и нивните семјество да работи во недела, па да почуствуваат како е да се работи во недела кога сите одмараат, изјави во Утрински брифинг претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Кога знаеме дека недела е неработен ден, знаеме дека тој ден не треба да биде отворен ниту еден маркет, ниту една гостилница и се што е пропишано во законот. Доколку тоа биде отворено ние им ја олеснуваме работата на нашите инспектори од трудовиот или пазарниот инспекторат и тие ќе си реагираат соодветно донесениот закон од Владата. Сите оние кои што ќе работат во недела (есенцијални дејкности) ќе се бидат уредени со колективен догвор на кој начин ќе бидат платени. Ние во ССМ ќе инсистираме да бидат платени според работа во недела, вели Димовски.

Целиот разговор со првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 4 =