Денови на македонскиот мед: граѓаните немаат навика да конзумираат мед

You must need to login..!

Опис

По 17-ти пат на улица Македонија се одржува манифестацијата денови на македонскиот мед, на  која  учествуваат околу 30 произведувачи на мед од сите градови и села од земјава. Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение „Матица“ , чиј претседател Венче Билбилоски денеска во Утрински брифинг ја објави поразителната статискика, дека во Македонија годишно се троши помалку од еден килограм мед по глава на жител.

– За разлика од кај нас, во Словенија годишно по глава на жител се троши девет или Јапонија која троши 16  килограми мед по  глава на жител. Цената на медот воопшто не е оправдување за слабата потрошувачка, бидејќи медот воопшто не е скап. На саемот една тегла мед се продава за 500 денари, што е апсолутно прифатлива цена и секој може да  си  дозволи. Проблемот со неконзумација на мед е во тоа што свеста кај населението не е променета и се уште се смета дека мед се јаде само ако некој е болен, што не е точно. Медот иако има  хранливи состојки, не е само лек, туку и храна која може секојдневно да се конзумира, објаснува пчеларот Венче кој со пчеларство се занимава 20 години.

Покрај мед, на манифестацијата се продаваат и разни видови производи од мед, сапуни, прополис, полен, ликери и други лековити напитоци.

– Фалсификаторите секогаш одат еден чекор напред, што го прави тешко препознавањето на фалсификуваниот мед. Дали некој мед е вистински може да се  дознае само со лабораториско испитување, објаснува претседателот на „Матица“, но купувачите ги повикува на штандовите на улица Македонија, каде што на сите заинтересирани ќе им бидат дадени совети како да не бидат измамени од продавачите на лажен мед.

Билбиловски нагласува дека климатски промени се повеќе влијаат на производството на  мед.

-Неколку години наназад снег паѓа во рана пролет, кога растенијата се во фаза на најголема вегетација. Тоа значи дека пчелното семејство по топењето  на смегот почнува од почеток да собира. Исто така и високите летни температури негативно се одразуваат. Оптимални температури за пчелите се до 30 степени, а ова лето имавме температури и над 40 степени, вели Билбилоски.

Манифестацијата ќе заврши на 26 септември во 14 часот, а денеска и утре е отворена од 8 до 20 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =