Денеска ќе биде познат исходот од изборите во Албанија- Рама во водство

You must need to login..!

Опис

Денеска треба да бидат објавени официјалните резултати од изборите во Албанија одржани минатиот викенд,кои се клучни за евроинтеграциите на државата и кои беа одржани во услови на пандемијата на ковид Државната изборна комисија во Албанија најави дека денеска ќе ги објави конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа во неделата. Албанската владејачка Социјалистичка партија според повеќе од половина преброени гласачки ливчиња обезбедила 49,4% од гласовите или 73 мандати од 140 те пратенички места во албанскиот парламент. Втора по број освени гласови се Демократската партија на Лујзим Баша која во моемнтов има 38,8% од гласовите, или 59 пратенички места:Трета по освоени гласови е Движењето на социјалистите за интеграција на актуелниот претседател Илир Мета освои 7 проценти гласови или 5 мандати.Ако се земе во предвид предизборната коалиција на втората и трето раннгираната партја на овие избори, се поизвесно е дека тие заедно неможат да освојат мнозинство ниту пак поголем број ан мандати од првопласираните владеачки социјалисти, па оттаму се поизвесно е дека Еди Рама најверојтно по трет пат ќе биде избрна за премиер на Албанија. И самиот Рама вчера изјави дека доколку не успее да освои 71 пратњеничко мстово новиот парламентарен состав нема да прави вблада. Сега како шт стојат рабтите рама ќе,освои од 71 до 73 пртаеници што укажува дека тој најверојатно ќе биде идниот албански премиер.

Сепак, дилемите ќе бидат разрешени во текот на денот откако Централната изборна комисија ќе излезе со официјални резултати И американската амбасдорка во Тирана Јури Ким упати апел до политичките партии да не брзаат со прогласување победа, пред Централната изборна комисија (ЦИК) да ги соопшти официјаланите резултати од завчерашните парламентарни избори. Таа посочи дека очите на целиот свет се вперени кон Албанија.. Гласачите ја завршија својата работа. Властите си ја вршат својата работа. Вашите северни пријатели, вашите западни пријатели, но исто така и вашите пријатели во САД сите бараат да ве направат успешни, рече амбасадорката Ким. која потсети дека должност на кандидатите е да останат смирени и трпеливи и да го чекаат резултатот. Инаку Албанија, која 2,8 милиони жители, но 3,6 милиони гласачи поради својата голема дијаспора, има историја на насилство и обвинувања за изборни измами во последните три децении од крајот на комунизмот. Албанија доби статус на кандидат за членство во Европската унија во 2014 година, но постигна мал напредок, главно поради неуспехот да се спроведат реформите и поради заморот од проширувањето во ЕУ.

Оваа балканска земја, во која се широко распространети корупцијата и организираниот криминал, од САД е обвинета дека е главен извор на производство на марихуана и други пратки на дрога. За време на изборниот процес во неделата но и за време на целата кампања вопшто, беа регистрирани неколку инциденти, кои сепак според Централната изборна комисија и ОБСЕ не фрлиле дамка за регуларноста на изборниот процес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =