Демири: Шумите се уништуваат оти криминалците се поорганизирани од државата

You must need to login..!

Опис

Мапирањето на бесправната сеча на шумите е барање игла во сено. Евротинк направи едно истражување, а автор на тоа истражување е Мариглен Демири.

-Има една воспоставена традиција која постепено се менува и добива различни форми. Тоа е повеќеслоен криминал кој не е сузбиен поради индолентноста на властите на локално ниво пред сѐ. Нашето истражување укажа дека делумно во некои аспекти, организациски и координативни, се вклучени и тие. Го разгледувавме документите и интервјуиравме луѓе во четири градови. Интересно е што организираниот криминал е поорганизиран од државата, вели Демири.

Во склоп на истражувањата се направени и видеа. Две видеа, од Струмица и Прилеп, се анонимни. Станува збор за граѓани кои се добро информирани и нудат интересни и по малку шокантни податоци. Оваа појава зазема малигни размери.

-Има луѓе на кои приватната безбедност им е загрозена, а треба да ја сузбиваат оваа појава. Има инфилтрирани луѓе во службите иако не се многу. Освен тоа има судир на надлежности на институциите. Исто така, нема расположене на локално ниво да се решава овој проблем со нелегалната сеча, вели Демири за Утрински брифинг.

До релевантите служби се испратени 75 прашања од кои само 47 се одговорњни, а за 10 службите велат дека воопшто и немаат податоци. Немаат податоци институции во градовите кои се најзасегнати, односно каде што е најзастапена бесправната сеча на шума.

Што се однесува до мотивите и профилот на сторителите, Демири вели дека профитот и пред сѐ катастрофалната социјална состојба на сторителите. Организаторите се оние кои се стекнуваат со материјална корист, а самите сторители имаат потреба да обезбедат огрев за своите домови. Тој додава дека некои од организаторите претходно се занимавале со дрога, па се префрлиле на овој нелегален бизнис како побезбеден оти бесправната дрвосеча се казнува прекршочно а ретко кога се гони и кривично.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen − 13 =