Декларативно за ЕУ и НАТО – во суштина против

You must need to login..!

Опис

Во политичка јавност одамна егзистира една синтагма дека има широк политички консензус за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Но во последно време како да постои извесно изместување во јавниот дискурс.

Во пракса како одредени структури, политички аналитичари, заговараат дека на Македонија не и треба толку НАТО. Исто велат и дека ЕУ е неправедна кон нас па и тоа треба да го преиспитаме. Дали се тоа истрчани поединци кои говорат сами за себе? Дали токму зад нив стои политичка партија која декларативно се залага за НАТО а во суштина не.

На оваа тема во „Седма сила“ на Утрински брифинг со Љубиша Николовски дебатираа новинарите Јадранка Костова, Зоран Иванов и Борјан Јовановски.

Потсетување на интервјуто со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања – Бујар Османи

Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. Редовните извештаи на ЕУ се во април. Од ЕУ сакаат да објават вонреден извештај во февруари за да има врз основа на што да се донесе одлуката на самитот во мај. Но ставот нивни е дека нема по секоја цена да се оди на извештај доколку не се почуствува клима дека не може да се донесе одлука во март, за да не се случи уште една препорака да заврши неуспешно во март и дополнително ќе ги зголеми фрустрациите кај луѓето.

Бујар Османи во Утрински брифинг 15.01.2020

Во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори. Ние не ретерираравме од октомври за да ја сменат оценката за нас, а тоа е дека сме поспремни од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори.

Бујар Османи во Утрински брифинг 15.01.2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − twelve =