Дачевски: И добро платени ИТ професионалци заминуваат од Македонија

You must need to login..!

Опис

Ако за телефоните требаше 100 години, за ИТ индустријата и новите премрежја на дигитализацијата нема да поминат пет до десет години.

Парите се создаваат во духот новите технологии и новите предизвици. Гостин во Утрински брифинг беше Глигор Дачевски, создавач на неколку фирми и серијал компании кои се врзани со неговиот ИТ Холдинг кој деновие добива „док стим“.

Платформата се вика микротика и врзана е со програмирање. Дигитализацијата е процес кој што трае. Тука е битна многу брзината. Исто така е важна и робусноста. Доколу се зголеми бројот на корисници на дигитални продукти одма се бара пораст на системот. Тука ние влеговме со микротика. Како расте бизнисот, така расте и потребата за софтверот, рече Дачевски.

Сите работат со нова технологија. Ние се поврзуваме со последните технолошки потреби на западниот пазар. Кога се работи за продукт, тој не е врзан со количината на луѓето туку со дистрибуцијата. Ако тоа што го продаваме во милион примероци ќе имаме профит милион, со тоа што количината не се зголемува 10 пати туку само тимот, изјави Дачевски околу генералната позиција на ИТ индустријата.

Проблемот со иселување на квалитетен кадар постои и во оваа индустрија. Добро платени ИТ професионалци заминуваат од Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × two =