Дац и Александар: Новата песна “Бакшиш душа” веќе се пее по кафеани и носи позитивни емоции

You must need to login..!

Опис

Популарните Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја објавија својата најнова балада „Душа бакшиш“ за која велат дека е боемска балада за сите генерации. Ова музичко дуо ја одбележува двегодишнината од нивното постоење, откако на „Макфест“ ја отпеаја песната „Уште ми фалиш“.

„Слична е оваа нова песна по мелос, по тагата што ја носи, па и по спотот. Во првиотспот имаше многу познати личности кои што ги снимавме во Драмски театар и во овој спот имаме исто познати личности – но во кафеаните се тие познати боеми, наши пријатели и многу ми е мило што прифатија да учествуваат и го направивме спотот онака како што изгледа. И песната за неполни два дена има над 15 илјади прегледи и веќе е јасно дека убави е прифатена и допрва ќе земе замав. Кога го снимавме спотот во дебармаалската кафеана ДМ, сите беа многу професионални, се’ што ќе им кажевме правеа, навистина беа фантастични, а како одеше снимањето почнаа коментарите. “Дац побрзо да снимаме – оќоревме“, раскажува Драган Спасов Дац за Утрински брифинг.

Дац и Александар велат дека луѓето сакаат искрени, тажни љубовни песни, сакаат да се пронајдат во приказната што секому му се случила некогаш во животот.

„Да и бројките не се толку важни затоа што вчера ни јавија дека веќе се пеела песната во кафеана и тоа е нејзината поента. Што се однесува на ‘Чао корона’, откако Борисов ја објави имаме публика и во Бугарија, за која денес можам да кажам дека константна, на нашите социјални мрежи има толку фанови што секоја песна што ќе ја извадиме си ја преведуваат и ја разбираат. А пандемискиот период го посветивме на народот затоа што во тие полициски часови и затвореност немаше одишка и буквално не се штедевме – дење ноќе правевме кавери, скечеви, песни, штосови, стихови што ги пишуваше Дац. Сега правиме и настапи во живо и ги нарекуваме Евергрин вечери, на кои што правиме убав коктел од македонски евергрини и од екс југословенските простори. Публиката ни е баш шарена, претежно се они во средни години, но има и многу помлади затоа што сакаат да ги слушнат тие песни и немаат каде на друго место да ги слушнат, ние ги потсетуваме, знаеме да ги изненадиме и да отпееме многу различни рефрени, една спонтана забава, некои велат како во 80-тите и 90-тите години, колку што може во коронава“, вели Александар Митевски за Утрински брифинг.

Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =