Дарко Петковски Спејко: Изразит фаворит нема, КК Куманово може да победи секого

You must need to login..!

Опис

Од 5 јануари до 7 февруари имаме изиграно 10 натпревари. Имавме тежок месец, го издржавме овој период и на крај се тоа се исплатеше. Обезбедивме учество од втората фаза на БИБЛ лигата. Почнаа подготовките за патување и главно овој период ќе се посветиме организациски, изјави во Утрински брифинг Дарко Петковски Спејко, оперативен директор на КК Куманово.

Бугарската екипа е добро позната за нас. Во првата даза од БИБЛ лигата имаше скор 8:2, со тоа што двата порази беа од нас. Пловдив е спремна екипа, но ни одговораат како противници. Тука нема да ја прескокнам израелската екипа, која има бивши НБА играчи. Тоа ме радува, но нема да ја потценам нашата екипа и зошто да не се случи чудо – среќата ги прати храбрите. додава Петковски.

Сегашната состојба на табелата не е меродавна, бидејќи имаме најмалку натпревари одиграно. Влегувањето во Топ 6 е првото нешто што го имаме зацртано. После следи разигрувањето и се надеваме на успех, смета Петковски

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 1 =