Дарко Гелев – Брејк: Ја сакаме магијата до луѓето да допираме преку звук

You must need to login..!

Опис

УНЕСКО го прогласи 13 февруари за меѓународен ден на радиото. Радиото е најслушаниот класичен медиум во целиот свет. УНЕСКО повика да се сочува, да се оддржи и унапреди различноста преку радиските фрекфентни бранови, не само во програмата туку и во составот на редакциите, составот на уредничките и новинарските тимови.

Гостин во Утрински брифинг, беше Дарко Гелев – Брејк, сопственик на три радио станици – Сити, Метрополис и Клуб ФМ.

Би било клише ако речам дека е тешко да си сопственик на радио. Тешко е, комплицирано е, посебно со маркетингот, каде со најмала најава на некоја криза стопира маркетингот и клиентите внимателно ги трошат парите. Во трите радио станици има 63 луѓе кои што работат, работиме и на четврта радио станица. Се надеваме дека би почнале септември-октомври.

Радијата се слушаат. Помалку сетила работат, не се одзема комплетно вниманието. Информациите кои доаѓаат преку радиото во однос на телевизијата има голема разлика. Ја сакаме магијата до луѓето да допираме преку звук.

Оценките од пренесувањето на Утрински брифинг на Клуб ФМ се позитивни. Клуб ФМ во нашиот концепт беше порастеретен од говор. Ми се допаѓа што терминот е погоден. Има позитивен импакт и на радиото и се надевам и на вас.

Околу препораките на УНЕСКО за разноличност на програмата, на луѓето, Брејк со одговор дека тие препораки се следат од првиот ден.

Создаваме кампањи чија цел е да се води разговор околу темата. Тие кои не напаѓаат секогаш ги повикуваме на гостувања, но никој не се појавува.

Како што не се знае кога е гужва во центарот на градот така веќе не се знае ни кога е prime time во радиото. Генерално се третира до кај 19-20 часот и подоцна во ноќните термини. Има доволно публика, слушателите се интерактивни, изјави Дарко Гелев – Брејк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × four =