Даница Стојанова: Секогаш имам предвид дека на Охридско лето треба да настапат најдобрите светски музичари

You must need to login..!

Опис

Годинашното 61. издание на Охридско лето кое ќе се одржи од 12 јули до 20 август, ќе собере околу 500 уметници од 18 земји во светот. Отворањето е со проектот „Големиот Чајковски“ на Националната опера и балет. Се работи за балетската трилогија со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски, „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“.

„Може да се каже дека отворањето на Охридско лето ќе биде грандиозно бидејќи на сцената ќе настапат околу 90 уметници, балетските првенци, целиот оркестар на Националната опера, под диригентство на Бисера Чадловска. Музичката програма ја селектирав уште минатата година, бидејќи мора да помине низ неколку филтри, значи помина на Управниот одбор на фестивалот, потоа беше разгледувана од Комисијата за музичко – сценска дејност при Министерството за култура и беше одобрена со минимални измени. Сите уметници со кои се договарав сесрдно прифатија да дојдат на фестивалот, многу се среќни. И нормално, кога размислувам и за следната година, затоа што сега веќе ја правам програмата, секако треба да се има предвид дека треба да настапат најдобрите и треба да има вистински квалитет и учесниците да имаат голема меѓународна кариера. Изминативе две години на програмата се застапени и македонски врвни музичари кои работат и творат надвор од нашата земја.

Инаку, меѓу врвните имиња што ќе имаме прилика да ги слушнеме се пијанистот од Русија Александар Штаркман, потоа ќе настапи и едена од најкативните и најатрактивните пијанистки Ѓуљсин Онај, а доаѓа и Дарко Костовски, еден наш успшен пијанист кои живее и работи во странство. Потоа тука се и Вихан квартетот, Ирина Графенауер, Мате Бекавац, Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович, Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл „Театро ала мода“, Горѓи Цинциевски, Саимир Пиргу и Мерита Таршана и други. Ќе настапи македонскиот состав „Синтезис“ и ансамблот за народни игри и песни „Танец“ заедно со ансамбл на народни хрватски игри и песни „Ладо“ од Хрватска. Во Офф програмаа на фестивалот публиката ќе го види танцовиот проект на Игор Киров „Сви марш на плес“ и уште еден џез прект“, вели за Утрински брифинг, Даница Стојанова, селекторката на музичката програма на Охридско лето .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =