Даница Павловска: Наместо вулгарна трка по профит – референдум за нов плоштад пред „Холидеј ин“

You must need to login..!

Опис

Архитектката и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитектите, Даница Павловска објави своја иницијатива за референдум – со електронско гласање за паркиралиштето пред Холидеј ин, граѓаните да се изјаснат дали наместо таму да се градат објекти, тој да остане јавен простор – нов централен државен плоштад.

„Сметам дека референдумот е демократско средство, инструмент којшто граѓаните, а и државата многу почесто треба да го користат. Мислам дека треба почесто да има референдуми особено на локално ниво затоа што граѓаните се тие кои треба да учествуваат во одлучувањето за своето непосредно опкружување кога се работи за урбанизмот, како што е овој случај. Не се работи за изградба на некаков нов бизнис центар, туку за едно прашање од есенцијално значење, не само за општината, не само за градот, туку и за државата. Според сите планови таму требаше да имавме голем, богат јавен простор. Она за што се залгам е нов план и затоа сесрдно ја поддржав одлуката на Општина Центар за мораториум со цел да се преиспита тој, инаку незаконски план.

Вулгарен профит се гледа во во сето она што сега настанува како активност по одлуката на Уставниот суд. Пак ние произведуваме некаков феномен што долго ќе го живееме и за кој во иднина можеби и ќе се каеме. Знам дека зад оваа моја иницијатива за референдум за менување на планскиот документ и воопшто односот кон тој простор, стојат архитектите, урбанистите планери. Ургентно е овој момент да го искористиме за еден граѓански чесен исказ. Ние имаме потреба од зеленило, јавен простор кој урбанистички треба да биде надоврзан со концепт на зелена филозофија, кој треба да се негува. Овој простор кај паркиралиштето пред „Холидеј ин“ отсекогаш бил именуван како републички сквер, на времето, а сега како репрезент на државата. Не може да се однесувате неодговорно и некултивирано, значи кога политичарите ќе дојдат на своите позиции стануваат државници и не смее да се однесуваат неодговорно кон овој простор. Затоа го поттикнувам граѓанинот да реагира,а како да реагира? Ако системот ни го нуди референдумот како инструмент – ете таму да се искажеме. Тоа ќе допре до тие што одлучуваат и да се сопре оваа работа која е тргната во страшна насока.

Овој план е лош и нехуман и претставува само борба за квадрати и профит“, вели за Утрински брифинг, архтект Даница Павловска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 2 =