Николовски од ИДСЦС: И покрај појавата на евроскептицизмот – ЕУ останува главен сојузник во очите на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на евро-интеграција. Институтот за демократија објави анализа за тоа како процесот македонските граѓани го доживуваат.

Иако е значително висок, забележан е пад на кредибилитетот на ЕУ и како и нејзината ЕУ во животите на македонските граѓани, но Унијата се уште се смета за најголем сојузник на државата.

Гостин во Утрински брифинг беше Иван Николовски од Институтот за демократија кој говореше за оваа последна анализа, за тоа постои ли поларизација кај етничките заедници, и појавата на мислење дека со влез во ЕУ се губи идентитетот.

Гостин во Утрински брифинг беше Иван Николовски од Институтот за демократија

Иако сѐ уште е значително висок, забележан е пад на кредибилитетот на ЕУ и важноста на ЕУ во животите на македонските граѓани, но Унијата се уште се смета за најголем сојузник на државата (во 2018, 72% од испитаниците се изјасниле дека би гласале на референдум за влез во ЕУ, додека 2019 така одговориле 65%). Во 2018 за 80% од испитаниците било важно да влеземе во ЕУ, додека во 2019 така се изјасниле 65% од граѓаните.

Поддршката за членство во ЕУ бележи значителен пад од 15 проценти во споредба со последните шест години. Една третина од етничките Македонци се убедени дека Северна Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, а близу 20% од населението има евроскептични ставови кои се поизразени кај постарата популација.

Неподготвеноста на ЕУ да ја прифати Северна Македонија како своја членка се перципирани како најголеми бариери на перспективите на Северна Македонија за членство во ЕУ

Неостварувањето на потребните реформи за влез во ЕУ и неподготвеноста на ЕУ да ја прифати Северна Македонија како своја членка се перципирани како најголеми бариери на перспективите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Повеќе од половина од испитаниците (55%) сметаат дека Северна Македонија не е подготвена за членство во ЕУ, додека 37% сметаат дека е подготвена. Мнозинството граѓани (57,8%) не веруваат дека државата ќе добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, додека една третина (31,9%) остануваат оптимисти дека ова би можело да се случи.

Европската Унија според граѓаните е најголем сојузник на земјата (43,2), потоа следува Русија (20%) и САД (16,3%).

Ова се дел од наодите од двете истражувања изработени од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер кои беа презентирани денеска во Јавна Соба во Скопје.

ЗАКЛУЧОЦИ

• Споредено со 2018 година, поддршката за членство во ЕУ бележи значителен пад.

• Процентот на поддршка за членство во ЕУ во последните шест години е паднат за 15%. 

• Се јавува генерациски јаз во поддршката за членство во ЕУ, со поизразен евроскептицизам кај постарата популација.

• Пад на ентузијазмот околу членството во ЕУ е воочлив и во однос на перцепциите за важноста на членството во ЕУ.

• Недоволната информираност околу пристапниот процес се одразува на нереалните перцепции на граѓаните околу подготвеноста на државата за членство во ЕУ.

• Мнозинство од испитаниците констатираат напредок во процесот на европска интеграција во текот на 2019 година.

• Неостварувањето на потребните реформи за влез во ЕУ и неподготвеноста на ЕУ да ја прифати Северна Македонија како своја членка се перципирани како најголеми бариери на перспективите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

• Бројот на испитаници кои ги перципираат соседните држави како главни кочничари на влезот во ЕУ е во опаѓање. Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2019) 1

• Воочлива е поголема конвергенција помеѓу ставовите на етничките Македонци и Албанци во однос на причините поради кои Северна Македонија не е членка на ЕУ. 

• Сѐ поголем број граѓани развиваат пореалистична перцепција околу временската рамка за членството во ЕУ.

• Сепак, повеќе од третина од популацијата сѐ уште верува дека македонското членство во ЕУ би се остварило во временска рамка од три до пет години, што укажува на недоволно познавање на динамиката на пристапниот процес.

• Една третина од етничките Македонци се убедени дека Северна Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ.

• Рационалистичко-утилитарните фактори остануваат главна детерминанта на поддршката за членство во ЕУ. 

• Можноста за полесен пристап до работа во странство преку мобилноста на работниците која ја овозможува членството во ЕУ станува сѐ поважен фактор за оние испитаници кои го поддржуваат македонското членство во ЕУ.

• Намалувањето на невработеноста и економскиот развој се перципираат како клучни области во јавните политики врз коишто членството во ЕУ ќе има позитивно влијание. 

• Влијанието на идентитетските фактори врз формирањето на евроскептични ставови е во нагорен тренд.

• Воочлив е раст на евроскептична енергија кај граѓаните со ексклузивна етно-национална самоидентификација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =