Дамческа: Оптимизам постои и кај македонската и кај бугарската страна за решавање на отворените прашања

You must need to login..!

Опис

-Колку што успеав да видам средбата на македонската и бугарската делегација беше на маргините на медиумското известување во Бугарија, бидејќи мислам дека пред се поголема преокупација во моментов за Бугарија како членка на НАТО е ескалацијата на кризата во Украина и токму за тоа прашање пред два часа кога прв пат се појави бугарискиот премиер Петков, бугарските новинари буквално го нападнаа околу тоа прашање. Тој објасни дека после меѓувладината средба со македонскат аделегација ќе имаат седница на министерскиот Совет, каде што ќе се разговара токму за односите НАТО-РУсија и како Бугарија ќе учествува во оваа ескалирана криза, изјави за Утрински брифинг од Софија, новинарката на Слободен печат, Марина Дамческа.

-Премиерите Петков и Ковачевски денеска спомнаа дека синоќа на нивната министерска и премиерска заедничка вечера имало многу оптимистички тонови и дека дури некои од министрите станале од маса и ги продолжиле своите разговори и договори како подготовка за денешната меѓувладина седница. Значи постои голем оптимизам, големо расположение да почнат да се решаваат македонско-бугарските односи во позитивна насока и во интерес на двете земји, додаде Дамческа.

-Ќе има реферирање на работните групи кај двајцата премиери и мислам дека тоа интензивирање на таа соработка е многу клучно за решавање на работите. Значи оптимизам постои, позитивна енергија има и во една таква конструктивна атмосфера мислам дека ќе се решаваат отворените прашања, пред се оние во економијата, инфраструктурата, транспортното поврзување меѓу двете земји, значи се она заостанува во последниве 30 години, потенцира Дамческа.

-Самиот премиер Ковачевски утрово спомна дека ќе се работи интензивно на коридорот 8 и тоа и во желеизничко, патничко и во средување на телекомуникациската инфраструктура на овој патен коридор кој е клучен за соработка и размена меѓу двете земји.

-Македонскиот премиер заедно со дел од министрите ќе одат денеска и на средба со бугарскиот претседдател Радев и со претседателот на Собранието Минчев. Мислам дека тука ќе се проговори за она што го барааат Бугарите како посебна точка, односно внесување на бугарскот малцинство во македонскиот Устав, иако реално со ова политичко парламентарно мнозинство на Владата на Ковачевски, тешко веројатно е дека такво нешто тешко би се случило, вели Дамческа.

Разговорот погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 − thirteen =