Дамчевска: Олкав масивен пакет за помош на граѓаните и стопанството никој не очекуваше од Владата

You must need to login..!

Опис

Владата на изненадување и на стручната јавност излезе со масивен пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

-Никој не очекуваше олку масивен пакет во кој државата се одрекува од голем дел од своите приходи. Но, цените одат нагоре. Цената на бензините се на историско високо ниво, но и цените на берзите се астрономски каде цената на гасот стаса и до 3000 долари, вели за Утрински брифинг Весна Дамчевска, уредник за економија во „Слободен печат“.

Од Владата велат дека се обиделе да ги вклучат сите заинтересирани страни.

-Барањето на стопанствениците беше за субвенционирање на гасот и стопанствениците не е директно како што бараа туку преку бескаматни кредити. Но, кон домаќинствата продолжува субвенционирањето. Ова што Владата го направи за заштита на стандардот на населението мислам дека не можеше повеќе да направи. Ограничувањето на маржата е добар потег исто како и намалувањето на ДДВ за бензините на 10 отсто. Во однос на пензионерите, мислам дека оние 1000 денари за пензиите требаше да бидат социјална мерка за загрозените или во вид на скалеста помош оти пензиите не се социјална туку економска категорија, вели Дамчевска.

Прашање е како тоа државата ќе го подмири.

-Никој веќе не размислува за тоа дали треба да се задолжуваме или не. Само што дојдовме во посмирена ковид фаза, дојде оваа комплицирана економска криза, па задолжувањето е сосема очекувано. Според тоа, ќе има тренд на покачување на каматните стапки на задолжувањата, но ние имаме добар кредитен рејтинг па ќе можеме да се испазариме, вели Дамчевска.

Во врска со можноста за користење на европските фондови Дамчевска вели дека таа опција останува и дека речиси сигурно ќе имаме помош како и за време на ковид кризата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine − 1 =