Дали Уставниот суд ќе ја врати амнесијата и што всушност бара Судот во Стразбур од Северна Македонија – адвокатот Петро Јанура гостин во УБ

You must need to login..!

Опис

Уставниот суд ќе одлучува за уставноста и законитоста на членот 11-а што парламентот го изгласа откако беше донесена аболицијата и согласно таа законска уредба му даде можност на претседателот на државата да може аболицијата која што веќе ја донел да ја поништи во рок од 30 дена, како и странките да можат да бараат поништување.

Има многу контрадикторности околу целиот закон за помилување. Со одлуката на Уставниот суд укинат беше закон со кој што беше укинат претходниот член 11 кој што му даваше претседателот без предлог од Комисијата за правда да одлучува и по таа логика едната стран сметаше дека повторно му се враќаат тие права на претседателот, но јас тврдам дека тоа не е точно. Еднаш кога ќе се укне една законска одредба за повторно да влезе во сила треба да биде изгласана од парламентот што не беше случај. Потоа беше донесена одредба која не постои во нашиот правен систем – членот 11-а која му даде дополнителни можности претседателот да ја поништи аболицијата, изјави во Утрински брифинг адвокатот Петро Јанура.

-Ако сега Уставниот суд го укине законот со што му се давало право на Иванов да ја поништи аболицијата, не го негира фактот дека и самата аболиција е незаконска. Тоа требд а го расчистиме. Доколку тоа се случи можеби би им помогнало на апликантитте пред ЕСЧП. Но ЕСЧП сигурно ќе ги цени сите елементи во давањето на таа аболиција. Таа аболиција беше масивна, глобална, а всушност аболицијата е правен механизам кој што е индивудуален и не така масивно задира во правдата и правниот систем, вели Јанура.

-Ова не дава убава слика за нашата држава пред ЕСЧП. Но од прашањата кои ги имаат упатено до нас, се гледа дека се општи и бараат секоја страна да се произнесе и навлегуваат во владеењто на правото, ќе одлучуваат согласно пропорционаноста, дали таа аболиција е доволно индивидуализирана. Значи сите одговори на странката понатаму ќе се анализираат низ фаза на принципите на ЕСЧП – законитост, пропорционалност, правна цел, неопходност во едно демократско опшптество итн.

А ние знаеме дека таа аболиција првично како што беше донесена се косеше со сите принципи на владеењето на правото и не само што е спротивна на правото, туку и на моралот и за жал со таа аболиција се покажа дека сите граѓани не се еднакви пред законот, додава Јанура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − four =