Дали програмата за култура е резултат на вкоренет клиентелистички систем?

You must need to login..!

Опис

Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура предизвика реакции на онеправденост кај авторите, цела редица обвинувања од страна на опозицијата, како и најава за проверка на програмата од страна на Антикорупциската комисија. Никола Гелевски, издавач, вели дека е очекувано да има повисоки тонови и нервоза како и чувство на онеправденост. „Дури и да се идеални условите би имало незадоволство бидејќи парите реално се малку. Сега ситуацијата е подобра отколку пред неколку години во времето на груевизмот, зашто тоа беше страшно, недемократски и нетранспарентно“, вели Гелевски. Според Гелевски, токму Министерството за култура е центарот на сите проблеми заради неговата неподготвеност да ги следат и да го помагаат реализирањето на проектите. „Најлошо е што во сферата на култура сегашнава власт ја презема практиката корумпираност“, вели Гелевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 1 =