Дали после Ковид-19 ракометот ќе се врати на нивото кое што беше – разговор со претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска

You must need to login..!

Опис

За заминувањето на тренерот Кастратовиќ разговаравме подолго време. Имавме не премостливи разлики. Условите се многу тешки како за нашиот клуб така и за другите. Остануваме и понатаму пријатели. Остваривме многу успеси и се надевам дека ние како клуб тука нема да застанеме, изјави во Утрински брифинг Зорица Блажевска, претседателка на РК Металург околу заминувањето на тренерот Кастратовиќ.

Турбуленциите со ковид-19 се огромни. Јас откако дојдов во Металург одлучив да работам транспарентно и сите да ја знаат вистината. Понекогаш не ми е јасно зошто некој криел дека клубот е многу задолжен. При крај сум со раздолжувањата и сум горда на тоа. Треба да се има храброст и одлучност да се надмине оваа ситуација, вели Блажевска.

Целиот разговор со претседателката на РК Металург каде таа говори за состојбата на клубовите во мак ракометот, за влијанието на Ковид-19 врз финансиите и општо на спортот, за очекувањата од новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − six =