Грчев: Тоа не е споменик на Мајка Тереза туку споменик на диктаторство од фашистичко компрадорска провиненција

You must need to login..!

Опис

Точно е дека бев координатор на работната група при Министерството за култура која што требаше да ги истражи и да даде препораки како да се справиме со тој мега криминален проблем – проектот Скопје 2014, изјави за Утрински брифинг, универзитетскиот професор Мирослав Грчев.

Работната група прозиведе 15-16 добро документирани студии, елаборати за поединечни споменици и овој т.н споменик на Мајка Тереза е обработен уште пред две години. Ние ги предававме елаборатите на министерот за култура и сите елаборати завршија во архивата, потоа ги дадовме како информација на Влада, но од тоа како повратна информација не прозлезе ништо, вели Грчев.

Веста околу одлуката на Владата споменикот на Мајка Тереза од Скопје 2014 да не се руши туку да се пренамени ме затече и е безсмислена.

Нема никаква смисла една дивоградба и ужесно нарушување на поредокот на градот, еден симбол на владеењето на неправото, еден фашистички споменик и во слава на ВМРО на Груевски, на диктатура, која како ултра десничарска е фашистичка. Така што ние одгледуваме фашистички споменици во атмосфера која ја нарекуваме враќање на владеење во право, реформи кои одат во смер на реализација на демократски европски вредности, а толерирањето на постоењето на овие споменици претставува институционална импотенција и немоќ да се направи нешто.

Скопје 2014 претставува историски дебакл на една цивилизација. Не може да израсне тумор на сред улица, на јавен простор во центарот на метрополота и е узурпиран со манир на еден фашистички компрадор диктатор, мафијачко – диктаторче кое шеташе по центарот на градот и со оној интернационален преварант шеташе и бираше место.

Овој споменик не е споменик на Мајка Тереза туку споменик на диктаторство од фашистичко компрадорска провиниенција и споменик на нашето подаништво и ропска свест, затоа што не знаевме ни тогаш ни сега да застанеме против тоа, вели Грчев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 1 =