Грчев: Настапи нагла инфантилизација и цел свет оглупавува по истиот принцип

You must need to login..!

Опис

Професор Мирослав Грчев ја објави третата книга „Пирови победи на патот кон Европа“ во издание на издавачката куќа Темплум, која е збирка на неговите колумните и есеи кои ги пишува години наназад.

-Јас избрав еден од насловите на колумните. Колумните се обидувам да ги правам како тематски или проблемски есеи. Наловот е „Пирови победи на патот кон Европа“. Со ова сакам да се обвиткаат под еден наслов, под една тема, стотината есеи кои се внатре. Јас во колумните не се врзувам за дневни настани, туку за феноени, појави, движења, идеи, односно настани кои што се репрезентативни за историски значајни настани, изјави за Утрински брифинг проф. Мирослав Грчев.

-Поттикот да пишувам, да се јавувам и коментирам се појави во последните две децении. Ме поттикна фактот дека всушност, заедно со нашата независност, со големата промена во геополитичката сцена се случува и една промена на светогледи.

-Почнуваат на раазличен начин да се интерпретираат и сфаќаат работите. Проблемот е планетарен, затоа што она што мислев дека прво се случува кај транзициските земји, а тоа е нагла инфантилизација. Во 90-тите, со мала помош и на нашите пријатели се претворивме во мали деца. Нас почнаа да не третираат како да не знаеме да зборуваме, и ние почнавме себе си да се третираме како да учиме со пластелин – бројки и букви, вели Грчев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − 10 =