Грујовски: Самостојноста на судскиот буџет и буџетот на уставните судии се злоупотребува

You must need to login..!

Опис

Ова прашање подолг период ја иритира администрација. Во 2015 година беше донесен Законот со кој судиите добија додатоци на плата во висина од 35%. Но тука беше заборавена администрацијата. Ние како синдикат побараваме изедначување. Но не сакаа ни да слушнат. Тогаш органзиравме штрајк во трање од 60 дена но поради годинишните одмори штрајкот прекина. Требаше да поминат цели две години по промена на власта и конечно да се донесе тој закон за администрацијата да го добие ова право. Но еве повторно се случува со уставниот суд а и претходно членовите на Судскиот совет.

Сo деловник ова право не е законски да се решава. Исто така не е законски и доделувањето средства на Судскиот совет. Законот е дециден кои судии го имаат ова право, изјави во Утрински брифинг, Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).

Правата од работниот однос согласно Уставот се решаваат со Закон или колективен договр. Со ова уште повеќе се иритира судксата администрација особено што немаме информација дали уставните судија си доделија покачување сами за себе. Ако ја изоставиле администрацијата повторно е една злоупотреба. Самостојноста на судскиот буџет и буџетот на уставните судии се злоупотребува и судиите мислат дека овие буџети се исклучително наменети за нив, вели Грујовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =