Груевски ќе му тежи на Мицкоски и реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

Кои се интеракциите помеѓу бизнисот и политиката . Едни велат почнат ли избори запира бизнисот, други велат дека доколку дојде до смена на власта замира одрена фирма а се раѓа нова.

Времето на Љубчо Георгиевски беше најдобро за бизнисот. Во последно време секогаш кога доаѓаат избори, бизнисмените ги стегнуваат парите, запираат со инвестирање, чекаат да видат што ќе се случи. Последниве години од 2016 па до сега, се малку поразлични заради оној концепт – „Пржинска влада“. Тој експеримент, микс, ретко може да се види во некоја друга држава и не може да биде успешен околу содавање добра атмосфера за бизнисот.

– Политичарите го кочат бизнисот бидејќи не создаават услови за добар бизнис. Од друга страна проблемот е и кај бизнисмените – премногу се тивки. Треба да се престане да се собираме по стопански комори каде што се повикуваат премиери и министри да се удвараме и да биде побитно да се сликаме со нив, отколку да се каже дека „тоа и тоа“ не функционира, не го бива. Видете ја „Пржинската влада“. ВО првите денови луѓето беа исплашени што се случува. СДСМ покажува дека си ја чувствува оваа држава како приватна сопственост, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште не созреало. Нивните функционери во власта се однесуваат како да си ја вратиле државата како нивна сопственост, изјави за Утрински брифинг Никола Тасев, бизнисмен, новинар, колумнист и едно време директор на Нова Македонија и политичар во времето на Љубчо Георгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × five =