Груевски: Секогаш на штрајкот му се дава политичка димензија и затоа синдикатите треба да се држат на страна од политиката

You must need to login..!

Опис

Вчера прекина штрајкот во образованието на еден неочекуван начин. За синдикалните работи во Утрински брифинг поразговаравме со Пеце Груевски, доскорешен претседател на УПОЗ.

-За кој било синдикат може да зборуваат само членовите на синдикатот. Ние можеме само да си коментираме, а синдикалците се тие што одлучиваат. Не сакам колегите од СОНК да ме сфатат погрешно, но штрајкот започна погрешно. Штрајкот е сериозна форма на протест, а мислам дека не се искористија сите претходни мерки на предупредување, коментира Груевски.

Штрајкот не е успех ни за работодавачот ни за синдикатот, вели Груевски и додава дека ако синдикатот најави штрајк работодавачот треба да го сфати синдикатот.

-Се случувало ние како УПОЗ да штрајкуваме 60 дена и никој не сакаше да не слушне. Сега имаше преговори. Штрајк не може да се стави во мирување оти така стои во Закон за работни односи туку се прекинува. Прво треба да се направи предупредувачки штрајк од еден ден за работодавачот да сфати дека се сериозни, вели Груевски.

Во врска со исплатата на платите на штрајкувачите од СОНК, Груевски коментира дека Владата не може да му наложи на синдикатот да ги исплати платите, а тоа што стои така во законот е апсурдно.

-Ние како УПОЗ сме исплаќале плати од нашиот солидарен фонд, но потоа успеавме да издејствуваме владата да им го исплати она што им било закинато на штрајкувачите. Секој шштрајкувач мора да добие решение дека му се закинува од платата и има рок од 7 дена да се жали, вели Груевски.

Во време на штрајк мора да се знае што ќе се работи и се работат нужните работи, коментира Груевски.

Тој смета дека работодавачите и политичките партии сакаат да се мешаат во синдикатите и знаат да вршат упад.

-Секогаш на штрајкот му се дава политичка димензија и затоа синдикатите треба да се држат на страна од политиката, вели Груевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve − six =