Груевски: Професионализацијата на амбасадорските функции треба да е поврзана со ефикасност, одговорност и квалитет пред се

You must need to login..!

Опис

Едноставно почуствував дека е време да се повлечам од функцијата почесен конзул на Канада. Ја имав таа чест и привилегија. Канада оваа дипломатска форма ја развила до високи нивоа на организација.

Се посветувам на нови фази во мојот живот. Сакам нови предизвици, но тоа беше едно големо искуство. Генерално инструментот почесен конзул е потенцијално ефикасна или економична алатка во сферата на билатералната соработка. Стара институција, но доживува ренесанса во југо-источна Европа. што е работата на почесен конзул.

Поголема важност се дава на бизнисот, на културата, изјави во Утрински брифинг Живко Груевски, професо по дипломатија и меѓународни односи.

-Во моето искуство осознав многу работи. Сите ние нешто знаеме за почесен конзул, но скоро никој не знае да објасни што значи. Парадоксално е што голем број на конзули ништо не знаеа за оваа институција. Тоа веројатно е резултат што и во академската сфера постојат многу малку трудови што ја објаснуваат оваа функција.

-Мојата анализа и искуства покажуваат околу слабостите, предностите и можностите, покажуваат дека постои опасност од дискредитација на функцијата преку можноста од искористување на оваа институција за лични потреби. Но морам да кажам дека почесниот конзул не е јавен службеник. Тие не се на платниот список на Министерството за надворешни работи што го наименува. Земјата која ве наименува нема никакви одговорности за приватните активности кои што почесниот конзул ги работи.

Може само со писмен допис и да го повлечат наименувањето.

Околу информациите дека постојат и ценовници за купување на оваа функција, посебно во егзотичните земји Груевски вели дека постои присутност за таква пракса, не само за Македонија туку и во регионов.

Многу успешни луѓе, бизнисмени сакаат да купат статус, наместо она што е предвидено со Виенската конвенција, наместо земјите да ги бараат, тие сами се нудат. Се наддаваат и ги купуваат тие титули. Не е правило, но има и такви случаи.

Околу професионализацијата на професионализација на амбасадорските функции, Живко Груевски вели дека тој лично има критички став он дефинирањето дека одиме кон професионализација.

За мене професионализација можеби не значи тоа што во овие законски регулативи се предвидува. Професионализацијата, односно зборот и терминот е поврзан со ефикасност, одговорност и квалитет пред се , а не дали е вработен во министерството за надворешни работи, вели Груевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 2 =