Груевски од „Еуромакс ресурсис“: Проектот Иловица – Штука е светло во тунелот – можност за ревитализација на економијата и посреќен живот на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија.

Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во која управен акт е поништен или прогласен за ништовен, а предметот се враќа повторно на одлучување во јавниот орган. Во конкретниот случај, Управниот суд со своето решение ја уважил жалбата на „Еуромакс ресурсис“ и го поништил решението на Второстепената комисија, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудник.

Наша принципелна позиција е дека не ги коментира политичките ставови. Сите знеме дека сме во екот на борбата со пандемијата и економските последици од неа. Она што е ноторен факт е дека ситуацијата драмитично се промени. ДЗС објави дека и националната економија е во рецесија. НБРМ објави пад на предвидувањето на идниот развој и БДП. И ако видите дека во такви проекции во октомври оваа година е забележано зголемување за 52.000 нови лица како невработени, наметнува дека ние н еможеме да с еоднесуваме конфорно и да критикуваме без аргументи, изјави во Утрински брифинг Живко Груевски, директор за односи со јавноста на компанијата „Еуромакс ресурсис“.

Ние го слушнавме крикот на еден голем дел од струмичкиот регион кои се обраќаат со нас и не се согласуваат со дефиницајата дека ов е „рудник на смртта“. Тие до „Здрава котлина“ упатија и апел – Аман не не бранете. Луѓето бараат да живеат од реална економија. Јас сум многу горд на овие граѓани кои и покрај притисоците излегоа во јавност и ги кажаа своите лични проблеми, рече Груевски и додаде дека конфронтациите пред се се должат на едно незнаење.

Изјавата на Мицковски не сум ја слушнал. Но брутално е она што се шири последниве десетина дена и беше лиферувано на ФБ од невладината „Здрава котлина“. Еуромакс ресурсис ДОО Македонија е во 100% сопственост на Еуромакс ресурсис ЛТД, канадско друштво регистрирано во Ванкувер и јавно листирано на канадската берза. Тоа е мултинационален капитал на инвеститори. Подлежиме на тотално транспарентна регулатива. Јвноста мора да знае за овие работи. Сите фондови и средства за инвестицијата до сега доаѓаат од Канада или Англија, регистрирани се во НБРМ и Централниот регистар, вели Груевски.

Пресудата создава една нова правна извесност за иднината на проектот „Иловица – Штука“. Ова за нас само значи еден сериозен нов момент, поттик да ја повикаме Владата и сите релевантни институции, да седнеме заедно и да видиме што можеме побрзо да најдеме, да понудиме на државата излезни решенија. Овој проект е едно од светлата на крајот од тунелот – ревитализација на економијата и можност за посреќен живот на граѓаните. Сите мора да победиме, вели Груевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 1 =