Грковска: Сензибилитетот на граѓаните кон корупцијата е зголемен и треба да ја пријавуваат

You must need to login..!

Опис

Ова е нова позиција која е сосема различна од позицијата на претходникот Љупчо Николовски. Позицијата за добро владеење треба да обезбеди транспарентност меѓу институциите која ќе ги поврзе и ќе им олесни на граѓаните да не бидат препраќани од една до друга институција, ја објаснува својата позиција министерката Славица Грковска, Заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење.

-Ние како држава настојуваме да создадеме поефикасен систем и поефикасна администрација, вели Грковска.

Во врска со нашите напори за евроинтеграција, Грковска вели дека соработката со бугарската страна е интензивна и позитивна. И ние можеме да научиме многу но и тие моат да научат од нас за доброто владеење. И тие имаат министерка за добро владеење со програма која е финансирана од Европската унија.

-Мене ме интересираа нивните добри и лоши искуства од оваа програма за добро владеење за да не ги повторуваме истите грешки, вели Грковска и додава дека тие можат од нас да учат од нашето искуство со ДКСК оти пак тие имаат лошо искуство на овој план.

Грковска се надева дека до половината од годинава мооже да се најде начин да се одблокира процесот на нашите евроинтеграции, особено во светло на ова што се случува во Украина што ја подигна свесноста.

-Посетата на Жосеп Борел не донесе ништо бомбастично ниту пак се очекуваше нешто бомбастично. Целта им е да се закотви Западниот Балкан во Европа иако ни ЕУ нема поим како. Борел јасно кажа дека овој процес на долга кандидатура за нас е скап и дека треба да бараме повеќе средства од Унијата. Ние треба да имаме добра анализа за нашите трошоци поврзани со нашата поддршка на сакциите против Русија, особено што Македонија искажа и посебна солидарност, вели Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европски политики.

Таа додава дека Борел јасно кажа дека не смее да се внесуваат билатералните прашања во евроинтеграциите, но од друга страна очекува дека бргу ќе се реши спорот со Бугарија.

Грковска, пак, вели дека ние како држава тешко прифаќаме дека сите реформи што ги правиме пред сѐ се за нас. Таа е убедена дека може да добиеме повеќе помош од ЕУ, а изјавата на Борел е јасен сигнал.

Вицепремиерката вели дека пораката од локалните избори СДСМ сериозно ја има сфатено и дека тоа резултираше со промени во начинот на функционирање на вториот и третиот ешалон од власта.

-Оваа влада уште од самиот почеток мораше брзо да интервенира за пресретнување на низа криза како проблемот со парното, продолжувањето на зимскиот распуст за справување со ковид кризата, пензиите, минималните плати итн. а тоа паралелно се одвива со евроинтеграциските процеси, вели Грковска.

Во смисла на корупцијата, која се одвива во рамките на застарени законски прописи, Грковска вели дека имаат редовна соработка со ДКСК, но нереално е за олку кусо време да се санира сѐ што се таложело со години.

-Секој во својот ресор треба да направи анализа и да се отстранат застарени акти кои овозможуваат коруптивни активности и тела и органи кои имаат нејасни функции повторно потенцијално подлони на корипција, вели Грковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen + 13 =