Граѓаните информирани, но не знаат како и што да направат во врска со предизвикот климатски промени

You must need to login..!

Опис

Кампањата е резултат на долгогдишна работа на темата на климатски промени кои заедно ја спроведуваат програмата за развој на ОН и МЖСПП. Скоро 20 години работиме на оваа проблематика. Имаме многу анализи и многу согледувања како да се надминат предизвиците кои што ги носат климатските промени.

– Неодамна направивме една анкета која покажа дека луѓето во Македонија се запознаени со проблематиката, но не знаат што можат да направат. Тука сме ние кои преку кампањата која дава примери и инспирација за сите да дознаат што може да направат, изјави Павлина Здравева од УНДП.

Кампањата ќе ги опфаќа сите општествени чинители

Ангелина Јовановиќ од МЖСПП смета дека кампањата ќе ги опфаќа сите општествени чинители.

– Ќе имаме примери кои што се однесуваат на бизнис заедницата, што можат тите да направат. Ќе имаме примери што може да направат локалните самоуправи, граѓанските здруженија, едукативните заедници, и на крајот секој поединец. Во текот на 20 годишната работа секогаш посветувавме внимание колку е јавноста информирана, каква е нивната перцепција, и колку се подговтвени да направат нешто за овој проблем. Резултатите се интересни и за разлика од годината кога е правено истражувањето одговорите се различни. Во последново истражување добивме резултати дека луѓето се многу добро информирани и желни нешто да направат.

– Но поголемиот број од нив не знаат како и што да направат за тоа да биде ефективно. Во 2014 луѓето сметаа дека властите се должни да направат нешто околу овој проблем, во 2019 се препознава дека индустриските капацитети и бизнис секторот, па локалните власти и централната власт доаѓа на крај како некој што може и треба да направи нешто на тоа поле.

– Најинтересно е дека 66% одговориле дека граѓаните се тие кои не направиле доволно, вели Здравева.

Климатските промени се факт и веќе ги чувстуваме

Професорот д-р Ордан Чукалиев смета дека климатските промени се факт и веќе ги чувствуваме.

Не говориме дали ги има или нема. Тие предизвикуваат сериозни последици во моментов поговотово во секторите поврзани со надворешни услови. Земјоделството, шумарството веќе страдаат. Ако погледнете пред индиустрискиот период и сега јаглеродниот диоксид е 400 пп. Јас кога учев беше 280. Тоа е еден процес кој што расте. Гледате дека кривата перманентно расте. Значи не постои тенденција на смирување. Така што тоа денеска ќе го направиме ќе се почуствува можеби за некои 10 години , вели Чукалиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 8 =