Градоначалникот на Ранковце, Тошевски: Ги преземаме сите неопходни мерки за справување со КОВИД-19

You must need to login..!

Опис

Има две лица заболени од нашата општина. Двајцата се во самоизолација. До сега ние како општина одржавме пет состанока од појавувањето на оваа болест. Преземени се неопходните мерки за справување со болеста. Затворени се двата пазари, спортски објекти. Полицискиот час и сите препораки се почитуваат, изјави за Утрински брифинг градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.

До сега имаме хигиенски средства. Сите улици се дезинфицирани. Дезинфицирањето го врши противпожарната заедно со јавното претпријатие. Во снабдување на маските ни помогна и градоначалникот на Прилеп. Очекуваме уште донации. Имаме мали проблеми со онлајн наставата, но од страна на директорката на училиштето која е член на кризниот штаб добив уверување дека се преземаат мерките и се работи за мали проблеми, вели Тошевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + nineteen =