Градоначалникот на Прилеп: Почнавме да произведуваме маски – прилепчани пример за општествена одговорност

You must need to login..!

Опис

Многу ми е драго што почнавме со предострожност да влагаме во оваа ситуација. Мерките на Владата се одлични. Проблемот и во Кина и во Италија е несериозноста на голем дел од граѓаните.

Во Прилеп заклучно со вчера имаме 76 лица во самоизолација. Ги следиме. Вчера имаше 4 кривични пријави за непридржување на самоизолацијата.

Сите одделенија во општина се затворени и сите работи ги примаме електронски.

За среќа имаме општествено одговорни лица. Ќе прозиведуваме еко-маски, ќе ги стерилизираме за секој случај во болницата. Вчера се направени 1.000 маски, денеска ги спремаме и до пладне ќе ги распределиме низ медицинскиот персонал. Ова што го направи Горан Илиевски за прозиводство на маските е пример за цела Македонија и типичен пример за општествена одговорност.

Морам да кажам дека прилепчани ги почитуваат мерките. Сообраќајната полиција врши дополнителен надзор на луѓето кои влегуваат во Прилеп, изјави изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + six =