Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски е еден од иницијаторите за свикување на вонреден конгрес, за промена на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

You must need to login..!

Опис

Дали сеуште е на истиот став, и како функционира соработката помеѓу локалната и централната власт, која е припаѓа на друга политичка партија, денеска во Утрински брифинг, Стојановски утворено зборува во Утрински брифинг.

-Јас сум во иницијативниот одбор за свикување на Конгрес, а Конгресот дава или не дава доверба на претседателот на партијата. Конгресот не треба секогаш да се смета дека е наменет за избор на претседател на партијата или разрешување на претседателот на партијата.

Конгресот треба да се смета и како еден убав настан после кои ќе има убава енергија внатре во партијата за да може да се корегираат одредени недостатоци. А, согласно актите на партијата Конгресот може да го свика само претседателот. Тоа што оваа иницијатива се стиши, е затоа што јас сум повеќе насочен кон работењето на локалната самоуправа и изнаоѓање начин да се справиме со проблемите кои ни ги донесе пандемијата, меѓутоа осанувам на истиот став, нагласи Стојановски. Тој нагласи дека и покрај политичките спротивставени страни, Илинден има солидна соработка со централната власт.

-Општина Илинден располага со подготвени проекти од 11 милиони евра од сите области на надлежности. Сите тие проекти ги имаме доставено до финансиски институции, владини институции, ресорни министерства. Проектите се од витално значење за општината за да го следи развојот и во функционирањето на бизнис секторот, меѓутоа и проекти кои се од директно значење за граѓаните. Овој период заедно со ресорни министерства реализиравме проект за згрижување на деца од предучилишна воздраст, односно изградба на нова детска градинка во Миладиновци со капацитет за 90 деца, и која е подготвена за прием на децата.

Преку Агенцијата за рурален развој работиме на подобрување на инфраструктурата. Работиме и на проекти во образованието, така што можам да кажам дека имаме соработка со Централната власт, рече Стојановски. Тој нагласи дека општината континуирано обезбедува опрема за училиштата.

-Со помош на копанијата Окта обезбедивме донација од 30 лап топ компјутери и 10.000 маски кои се наменети за учениците и наставниците, нагласи градоначалникот. Општина Илинден релативно добро се справува со последиците кои што ги носи Ковид 19. Има добра економска активност и во делот на бизнисот и во делот на инвестициите како и во работењето на самата општина. Буџетот е стабилен, добро се полни, согласно планот.

Активностите кои се однесуваат на реализација на планирани приоритени програми се целосно завршени за оваа година бидејќи на старот беа намалени по вредност и по сума. Ме радува и тоа што има значителен број на компании коишто ги прошируваат своите капациети, што значи дека дополнително се создава можност за нови работни места. Ги подобруваме и условите за живеење што е клуично за раст и развој на општината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + three =