Градоначалникот на Неготино, Делков: Ситуацијата е алармантна, бараме седумдневен карантин

You must need to login..!

Опис

Застрашувачки податоци во однос на Ковид статистиката за последната недела. Забележан е раст на бројот на новозаболени за 23 проценти. Според извештаите на Институтот за јавно здравје во сите општини освен во Дојран е забележано зголемување на бројот на новозаболени

-Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 8.418,9 на 100.000 жители, Скопје (7.646,1/100.000) и Неготино (7.414,9/100.000), а најниска инциденца со 2.277,4 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод. Највисока неделна инциденца од 847,9 случаи на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, заедно со Демир Капија.

Во изминатата година до денеска има околу 1452 како вкупна бројка на заболени од ковид-19. Како пофдатоци кои можам да ги изнесам вкупно околу 286 пациенти биле лекувани во ЗД Неготино. Само за три месеци тука се лекувани 274 пациенти, пто значи дека бројките се алармантни. На кризниот штаб разговаравме за оваа тема, констатиравме дека еден од главните причинители за побрзо ширење се младите, посебно рестораните и кафиќите, изјави во Утрински брифинг Тони Делков, градоначалник на Општина Неготино.

По оддржаниот Кризен штаб, Општина Неготино заедно со инспекторатот , како и лицата од МВР направија посета на сите ресторани и кафиќи на кои што им беше укажано мерките донесени од Владата да се почитуваат. Ние сметаме дека можеби е најпотребен седумдневен карантин, односно целосно затворање на општините, вели Делков.

Запрашан за влез во трката за евентуалниот нов градоначалнички мандат, Делков вели дека остава граѓаните и партијата да проценат врз основа на сработеното, и додава дека во овие години Општина Неготино сега е со средена буџетска каса и најави неколку идни проекти.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =