Градоначалникот на Крушево: Имаме 10 лица дојдени од странство во самоиницијативна изолација

You must need to login..!

Опис

Во Крушево има 10 лица кои се во самоизолација со своја изјава бидејќи се вратиле од странство, а лица со решенија за карантин нема. Ова го соопшти градоначалникот на Крушево, Томе Христовски  денеска во Утрински брифинг.

„Мерките од Владата и Министерството за здравство главно се почитуваат. Нема лица со решенија во карантин. Има 10 луѓе со изјава кои се во самоизолација, бидејќи патувале во странство. Во соработка со МВР како туристичко место, им укажавме на граѓаните и на туристи дека не смеат да се собираат за време на пандемијата“, вели Христовски.

Општината ги затворила сите објекти со поголема фреквенција на народ, а општината работи со скратено работно време.

Општинскиот кризен штаб, како што вели Христовски, формирал и тимови од млади за да им помага на постарите за набавување на намирници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + 20 =